5-те најважни броеви што можат да ви го спасат здравјето

1. Крвен притисок
Висината на крвниот притисок се менува неколку пати во текот на денот. Овие промени се нормални, а настануваат поради разните процеси во нашето тело. Но, болестите поврзани со крвниот притисок понекогаш се нечујни, а симптомите се појавуваат дури кога притисокот е многу зголемен или намален.
2. Холестерол
Повеќето од нас не се свесни колку може да се менува нивото на холестеролот и да предизвика опасност за нашето здравје. Холестеролот е маснотија во крвта без која телото не може правилно да функционира. Но, кога неговото ниво значително ќе се зголеми, тоа може да предизвика разни кардиоваскуларни болести.


3. Тиреотропин (TSH)
ТЅН е хормон кој се лачи од тироидната жлезда сместена во долниот дел од вратот и има влијание на функцијата на сите органи. Во овој случај најважна е хипофизата која со помош на ТЅН го поттикнува создавањето на хормони. Зголеменото или намаленото лачење на хормони од страна на штитната жлезда може да биде опасно за здравјето на целиот организам.
4. Шеќер во крвта
Дијабетесот е хронична неизлечива болест која денес е навистина распространета. Таа настанува поради намалено лачење на инсулинот, со што се покачува гликозата, односно шеќерот во крвта.


5. Калории
Иако кога зборуваме за калории не мислиме на здравјето туку на нашата линија, дневниот внес е поврзан со дебелината, која пак е една од најраспространетите болести. Калориите ги внесуваме преку храната и пијалаците. Кога количината на внесени калории е поголема од потрошената енергија, организмот го претвора вишокот во масни наслаги. Таложењето на овие масни наслаги предизвикува дебелина, која пак може да биде причина за бројни други здравствени проблеми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.