Со секое претставување на нов врвен модел на Samsung или HTC, огромен број на нови корисници за прв пат се сретнуваат со оперативниот систем Android. Еден од предизвиците со кои се соочуваат тие е наоѓањето на соодветни апликации за оваа платформа.Еве неколку корисни, практични и бесплатни апликации за Android.
AirDroid
AirDroid е исклучително корисна апликација која ви овозможува трансфер на фајлови од компјутерот на паметниот телефон. Апликацијата нуди можност да го видите својот Android уред и сите податоци на него без поврзување со кабли. Освен безжичниот трансфер на податоци, овозможува прегледување на фотографии и видеа, менување на рингтонот и уште многу работи.
Timehop
Timehop е еден вид временска машина за социјалните мрежи. Оваа бесплатна апликација ви овозможува да проверите што сте објавиле или споделиле на Twitter или Facebook во минатото. Преку неа може да видите што сте твитнале пред една година или кој бил вашиот прв пост на Facebook.
Flipboard
Апликацијата Flipboard овозможува да прегледувате и читате вести кои ве интересираат, како и да додавате свои преферирани извори на информации. Се што ќе најде, апликацијата го покажува во облик на магазин што може да се прелистува.
Дознајте повеќе на gsm.mkЕве неколку корисни, практични и бесплатни апликации за Android.
AirDroid
AirDroid е исклучително