5 археолошки откритија за кои се верува дека постојат од пред појавата на првите цивилизации

Низ целиот свет до денес се пронајдени такви откритија што досегашното сознание за почеток на цивилизациите го доведуваат во прашање. Дали луѓето на земјата можеле да изградат разни храмови и споменици и пред 10 000 години? Издвојуваме 5 објекти и наоѓалишта кои може да го побијат досегашното сознание за цивилизациите.Пирамидата во Босна и Херцеговина

Оваа пирамида беше откриена во 2005 година. Луѓето до тогаш мислеле дека е само рид, бидејќи била прекриена со вегетација и почва. Според геолошките истражувања, се верува дека оваа пирамида е стара преку 12 000 години, што ја прави многу постара од египетските пирамиди.
Сепак, постојат и научници кои се скептични околу ова, и сметаат дека пирамидата е природно формирана, а не изградена од човек.
Ѓобекли Тепе, Турција

Овој храм со многу столбови неодамна откриен во Турција се верува дека е стар преку 11 000 години, постар и од самото камено време. Археологот Клаус Шмидт верува дека ова е најстариот храм на Земјата.
Шмидт исто така со помош на специјални инструменти успеал да открие уште неколку камени прстени од столбови под површината. Се очекува конечното истражување на ова место, кое може да ја измени перцепцијата на целата историја на човештвото.

 
Споменикот кај Јонагуни, Јапонија

Овој споменик го има добиено името Јапонска Атлантида, затоа што се наоѓа под вода. Откриен е во 1987 година, а се верува дека постои уште од пред последното ледено време, односно од пред 8 000 години. Објектот има скалила на него, гледа кон југ и има изданоци кон исток и запад.
Заливот Камбат, Израел

На дното на овој израелски залив се наоѓа мистериозна структура за која се верува дека е стара повеќе од 9 500 години. Станува збор за кружна структура направена од карпи со пречник од околу 9 километри. Помеѓу артефактите кои се извадени оттаму има такви кои се стари и преку 7 000 години.
Сепак, автентичноста и староста ан артефактите и на самото место се доведуваат во прашање, бидејќи артефактите биле пронајдени на нелегален начин, а не при контролирано истражувачко ископување.
Патеката Бимини, Бахами

Научниците се поделени на два табори околу овој објект. Едни велат дека е направено од човек, други дека е природно здание. Како и да е, се смета дека оваа камена патека датира од пред 12 000 до 19 000 години.
Многу од истражувачите околу патеката наоѓале камења со дупки, а во некои од нив и конци и јажиња, верувајќи дека претставувале сидра од чамци и бродови. Еден од камењата дури и имал траги од користење алатки врз него. Други истражувања пак покажале дека камењата се формирани на друго место, па се пренесени овде од луѓето, нешто како во случајот на англискиот Стоунхенџ.Пирамидата во Босна и Херцеговина

Пронајдете не на следниве мрежи: