Нутриционистите со децении наназад се обидуваат да докажат дека овесната каша е најдобриот појадок со кој можеме да го започнеме денот.Овесната каша е одлична за првиот оброк во денот бидејќи го заситува организмот, а истата се подготвува за 5 минути.
Овој оброк во себе содржи хранливи влакна кои го поттикнуваат варењето, го урамнотежуваат шеќерот во крвта и го зајакнуваат имунитетот, а во комбинација со слатки и здрави додатоци, овесот лесно ќе стане вашиот омилен појадок.
Затоа во продолжение ви нудиме 5 идеи поради кои никогаш нема да го прескокнете најважниот оброк во денот.
Овесна каша со чоколадо и путер од кикирики
Кашата со чоколадо комбинирана со чиа семе и путер од кикирики е вистинско слатко задоволство за почетокот на неделата. Покрај овесната каша која се наоѓа на листата на најздрави намирници, путерот од кикирики со здравите маснотии ќе ве припреми за успешен почеток на неделата.
Овесна каша со малини, фстаци и грчки јогурт
Малините сами по себе се идеални за губење на вишокот килограми околу струкот и колковите, а овесната каша со малини и чиа семе ќе ве држи сити подолго време, со што ќе го намалите внесот на калории во текот на денот. Грчкиот јогурт е полн со протеини, а фстаците се одлични сојузници во забрзување на метаболизмот.
Овесна каша со јаболко и цимет со додаток банана и јогурт
Овесната каша со мирис на јаболко и цимет е идеална за есенските денови кога нѝ е потребна посебна утеха за да ги издржиме деновите до викендот. Како додаток секако не заборавајте чиа семе, банана која ќе му даде посебен сладок вкус на појадокот и јогурт кој е полн со пробиотици.
Овесна каша со брусница и додаток сирење (по желба) и јаворов сируп
Овесната каша со чиа семе и еден од најздравите плодови – брусница, предлагаме да ја комбинирате со посно сирење кое има ниска калориска вредност и јаворов сируп, еден од најздравите природни засладувачи кој ќе му даде посебен вкус на појадокот.
Овесна каша со ванила, манго и кокос
Овесната каша со чиа семе и ванила нуди вкус на кој нема да можете да одолеете. Надополнете ја аромата со додаток како манго или ананас и кокос. Мангото исечкајте го на парчиња и ставете го во кашата, а одозгора посипете со кокос и уживајте во тропскиот вкус за одличен почеток на викендот.
Овесната каша е одлична за првиот оброк во денот бидејќи го заситува организмот, а истата се подготвува за 5 минути.
Овој оброк во се