5 лаги во врска со убавината во кои мора веднаш да престанете да верувате

Кремите за целулит го отстрануваат целулитот 100 %? За жал, ова не е точно 1.Фластерите за нос го решаваат проблемот со митесерите
Овој мит не е точен. Фластерите за нос со кои се решава проблемот со митесерите ќе ви ја извлече  нечистотијата која секојдневно се собира на лицето, но митесерите остануваат на место. Единствениот вистински начин за решавање на митесерите е механичко извлекување, а тоа најдобро се прави кај козметичар.
2.Кремите за целулит го отстрануваат целулитот 100 %
За жал, ниту ова не е точно. Ваквите креми можат да помогнат во тоа да се изедначи и зацврне кожата. Но ништо освен добра масажа, вежбање и доволна количина на течности нема да ви го реши овој проблем во потполност.
3. Тонерите се непотребни
Напротив. Тоа е нешто со што секоја рутина треба да почне. Доколку тонерот  ви создава иритација, побарајте некој безалкохолен, но секогаш нека ви биде при рака. Ја хидратизира кожата и ја прави мека, што е поготово важно зиме.

 
4. Можеш да ги користиш истите производи во текот на целата година
Кожата се менува во согласност со временските услови, па така зиме, кога произведува помалку масленост, потребно е да користите масни и хранливи производи.
5. На масната кожа не и е потребна хидратација
На секоја кожа и е потребна влажност, но на масната и е потребена крема со поинаков состав. Доколку имате масна кожа, одберете крема на база на вода, но во секој случај потребно е да ја негувате кожата.1.Фластерите за нос го решаваат проблемот со митесерите
Овој мит не е точен. Фластерите за нос со кои се решава проблемот

Пронајдете не на следниве мрежи: