5 начини како да ја спречите икавицата

Икањето не е само рефлекс, се работи за еден вид на пречка во варењето на храната, а се случува кога таканеречениот талкачки нерв кој го поврзува абдоменот и мозокот ќе се иритира.Икавицата може да  биде предизвикана од прејаденост, зачинета храна, или доколку јадете брзо и не ја џвакате храната доволно.
Како и да било, се работи за иритантна појава на која треба да знаеме како да и ставиме крај.
Затнете ги ушите
Иато како мало дете кога ќе се налути, со прстите затнете ги ушите така што во ушната празнина ќе се направи вакум. Во ушите исто така се наоѓаат нервни завршетоци, а прстите ќе ги стимулираат.
Пијте вода
Полека и во големи голтки испијте чаша вода. Голтањето течности  на кратко го прекинува континуираното икање што може да помогне.
Задржете го здивот
Стар трик кој, доколку се изведе на вистинскиот начин може да го сперчи икањето. Задржете го здивот, затворете ја устата и со прстите затнете го носот како кога скокате во вода. Седете мирно и обидете се да издржите што е можно подолго.
Скокоткајте го непцето
Со врвот на јазикот или со чепкалка за уши  нежно допирајте го непцето во устата. Ќе почувствувате нежно скокоткање.  Доколку сакате скокоткање побарајте асистент.
Засладете го животот
Доведете го слаткиот вкус во устата до максимум. Топете лажица шеќер, но така што ќе го туркате повеќе кон задниот дел од јазикот, задолжен за горчливиот вкус. Слаткиот вкус ќе ги изиритира нервните завршетоцина јазикот и ќе помогне  икавицата да престане.Икавицата може да  биде предизвикана од прејаденост, зачинета храна, или доколку јадете брзо и не ја џвакате храната доволно.
Како и д

Пронајдете не на следниве мрежи: