5 начини на кои љубовта не менува!

Љубовта е дрога, тоа веќе одамна го кажавме, а науката тоа го потврдува- кога сме вљубени, во нашиот мозок се активираат истите  процеси кои се активираат  при конзумација на дрога- од чувство за еуфорија до чувство на зависност и  потреба од повторна конзумација.Секако, љубовта е многу поздрава зависност. Еве како се менуваме кога сме вљубени.
Размислуваме за двајцата
Можеби не на почетокот, но со текот на времето сите планови за една личност стануваат планови за две лица, и тоа е прекрасно.
Живееме подолго
Можеби звучи  смешно, но науката стои зад овие тврдења- кога сме вљубени, се зголемува нивото на допамин кој е одговорен за задоволството и еуфоријата. Луѓето  во среќни, позитивни  врски живеат подолго бидејќи се поотпорни на стрес.
Имаме повеќе разбирање
Добрата врска значи и повеќе компромис и толеранција, а не само што сме потолерантни  во врската, туку и во останатите сегменти во животот.

Поотпорни сме
Надворешните влијанија како стрес влијаат помалку на нас кога сме вљубени, бидејќи љубовта е прва на листата на нашите приоритети.
Се чувствуваме сигурно
Да знаете дека на крајот од денот  постои некој  кој ве сака  е прекрасно чувство кое дава сигурност. Ужасниот ден  може да се претвори во прекрасен  доколку личноста која ја сакаме  ни понуди утеха, а вљубените луѓе токму така се ослободуваат од стресот.Секако, љубовта е многу поздрава зависност. Еве како се менуваме кога сме вљубени.
Размислуваме за двајцата
Можеби

Пронајдете не на следниве мрежи: