5 најевтини нешта кои ќе ви помогнат да се справите со мравките во домот

Со доаѓањето на топлите денови, се раздвижува и живиот свет во природата, па многу луѓе имаат проблем со наездата на инсекти во нивните домови, особено мравките. Ви препорачуваме 5 едноставни и ефтини начини како да ги истерате мравките од вашиот дом.1.Темелно исчистете ја куќата
Додека го правите големото пролетно чистење, осигурајте се да не испуштите ниту еден агол од куќата. За мравките е доволно да најдат само неколку трошки храна и да ви се населат дома.
2.Бел оцет
Во шише со распрснувач измешајте бел оцет и вода. Потоа попрскајте ги со растворот местата каде се собираат мравките. Исто така, во растворот потопете крпа и со неа пребришете го мебелот. Оцетот нема да е штетен по мебелот и брзо ќе испари. Мравките не ја поднесуваат киселоста на оцетот.
3.Цимет во прав
Посипете цимет онаму каде мравките се движат. Тие за неколку часа ќе ја напуштат куќата, бидејчи не го поднесуваат интензивниот мирис на циметот.
4.Кујнска сол
Во зовриена вода ставете неколку лажици сол, а откако ќе се излади, растворот сипете го во шише со распрснувач. Попрскајте ги вратите и прозорците со растворот. Така мравките ќе бидат спречени да влезат во куќата.
5.Креда и детска пудра
Здробете креда во прав и посипете ја во пукнатините помеѓу ѕидот и подот. Истото можете да го направите и со детска пудра, која исто како кредата е одбивна за мравките.1.Темелно исчистете ја куќата
Додека го правите големото пролетно чистење, осигурајте се д

Пронајдете не на следниве мрежи: