5 најиритантни работи при електронското допишување

И вие ли се нервирате кога долго чекате одговор од личноста со која се допишувате. Или можеби ве иритираат печатните и граматичките грешки? Електронското допишување по СМС или преку социјални мрежи ре релативно нов, но мошне популарен тренд. Но и ова допишување си има како добри, така и лоши страни. 
1.Чекање одговор
Освен што ужасно нервира исчекувањето одговор, поиритантен е моментот кога гледате дека пораката е прочитана од другата страна, но се уште нема одговор. А замислете, истата личност кога е покрај вас телефонот од раце не го испушта.
2.Одговор со еден збор
Иако е мошне практично, избегнувајте да одговарате на пораки само со едно ОК. Колку и да се брзате, можете барем едена реченица да склопите.
3.Граматички грешки
Погрешно спелување, негација залепена за глаголот, и ред други грешки од кои ни се крева косата. На крајот на краиштата, ако толку го/ја сакате, јавете му/и се.

 
4.Премногу скратени зборови и смешковци
Самиот тренд на допишување скрати многу зборови, но тоа не значи дека и во вербалните разговори треба да се употребуваат тие скратеници. Држете си до оригиналните форми, да не ги заборавите. И доста со сите тие смешковци. Пораките дури и губат смисол кога нив ги има премногу.
5.Масивни одговори
Сите имаме барем еден пријател кој кога ќе му пишеме „Како си?“ ни праќа епопеја подолга и од Одисеја. Да, претходно говоревме против кратките пораки со збор-два, но тоа не значи и дека треба да се заборавиме во пишувањето. Понекогаш обидете се да се ограничите на неколку зборови, така ќе пишувате пократко и ќе бидете добро сфатени.
  
1.Чекање одговор
Освен што ужасно нервира исчекувањето одговор, поиритантен

Пронајдете не на следниве мрежи: