Американските научници направиле листа на најштетни секојдневни навики кои можат сериозно да го загрозат здравјето.Иако ги споредуваат ваквите навики со пушењето цигари, сепак оваа навика останува на врвот. Во продолжение, погледнете кои животни навики го уништуваат вашето здравје.
Осаменост
Новите истражувања покажуваат дека социјалната изолација е подеднакво штетна по вашето здравје како и останатите работи на оваа листа, пренесува Independent. Социјалните мрежи и сè пореткото дружење со пријателите и колегите довеле до тоа осаменоста да добие размери на епидемија.
Професорката по психологија на универзитетот Бригам Јанг, Џулиен Холт-Лунстад вели дека ефектот на осаменост е исто како личноста да пуши по 15 цигари дневно.
Седиментарен начин на живот
Седиментарниот начин на живот го зголемува ризикот од заболување од повеќе видови рак, покажува една студија од 2014 година. Дури и со редовното вежбање, седењето по 8 часа дневно го зголемува ризикот од различни здравствени проблеми.
Недостиг на сон
Американските научници воочиле дека 50 до 70 милиони жители на САД патат од пореметување на сонот. Недоволната количина на сон го зголемува ризикот од мозочен и срцев удар во еднаква мера како и секојдневното пушење цигари.
Солариум
Иако користењето на солариум се чини како варијанта на сончање која ја имаме под контрола, тоа може да биде подеднакво опасно за организмот како и цигарите.
Дерматолозите уште во 2014 година докажале дека претераното користење на солариум предизвикува повеќе случаи на рак на кожата отколку што пушењето цигари предизвикува рак на бели дробови.
Нездрава исхрана
Слатката и преработена храна која е богата со заситени масни киселини влијае на развојот на потенцијално смртоносните болести.
Во 2016 година, научниците кои се занимаваат со истражување на смртните случаи како последица од лошата исхрана заклучиле дека стапката на смртност ја надминува онаа од алкохол, дрога и тутун.Иако ги споредуваат ваквите навики со пушењето цигари, сепак оваа навика останува на врвот. Во продолжение, погледнете кои животни навики го уништу



