Против грипот и студеното време може да се изборите и со правилен избор на овошје кое ќе ви ја донесе потребната количина на витамини во телото и ќе го зајакне имунолошкиот систем.Во продолжение, ви претставуваме топ 5 овошја кои се одлични за консумирање во текот на зимските денови:
Јаболкото е одличен антиоксиданс
Јаболкото е извонреден извор на антиоксиданси кои го прочистуваат телото од несаканите токсини. Покрај тоа, јаболкото содржи многу витамин Ц и калиум, кој игра важна улога во правилно функционирање на срцето. Со јаболкото ќе внесете и витамини од групата Б како што се Б1, Б2 и Б6.
Папајата ја ублажува настинката и ефектите на астма
Доколку веќе сте уморни од јаболката, можете да ги замените со папаја која ги содржи истите витамини и минерали. Папајата содржи и железо и селен кои допринесуваат за здравјето на крвта, a покрај тоа, таа содржи и витамин Б кој поттикнува создавање на црвени крвни зрнца. Исто така, папајата е одлично овошје кое треба да го консумирате кога сте болни бидејќи ја ублажува настинката.
Брусница за здрава цревна флора
Брусниците содржат огромни количини на антиоксиданси и се природен пробиотик, што значи дека ја регулираат цревната флора. Покрај тоа, тие исто така се добар извор на витамини како Ц, Б1, Б2,Б6 и витамин Е, а исто така имаат и благотворно дејство врз уринарниот тракт.
Грејпфрут за имунолошки систем
Грејпфрутот содржи витамин Ц и успешно го зајакнува имуниот систем. Исто така, со своите состојки влијае врз намалување на нивото на холестерол. Грејпфрутот содржи и железо, калиум и калциум, а активните материи на црвениот грејпфрут го штитат организмот од канцерогени болести.
Банани за добро расположение
Бананите се најдобар извор на витамин Б6, но исто така ја намалуваат индиферентноста, депресијата, стресот и несоницата бидејќи содржат состојка која го стимулира производството на серотонин, хормон кој го буди доброто расположение. Тие содржат богати количини на магнезиум и селен, кои заедно со витаминот Е делуваат како антиоксиданси.Во продолжение, ви претставуваме топ 5 овошја кои се одлични за консумирање во текот на зимските денови: