Многу девојки не се задоволни со бројот на градникот којшто го носат, но еве неколку причини според кои би требало да бидете горди на своите гради!
Дали сте го чуле изразот “рамна како даска“? Многу девојки не се задоволни со величината на своите гради па често се жалат за тоа колку сакаат да имаат поголеми.
Но, ние најдовме повеќе причини зошто е супер да имате мали гради и зашто никој не треба да ви замери кога купувате мал број на градник во продавниците.
1. Мали гради = исправено држење! Ова е едноставно докажано. Девојките со мали гради подобро се држат бидејќи немаат толкав “терет“ со кој би ја оптеретувале својата карлица.
2. Вежбањето не е толку болно. Ова ќе го разберат девојките со големи гради кои мачат маки со наоѓање соодветни градници за вежбање. Прашајте ги колку е болно додека скокаат или трчаат!
3. Понекогаш не мораш да носиш градник. Не постои страв дека градите ќе ти изгледаат постари отколку што ти се. Гравитацијата е на твоја страна.
4. Нема траги од рамките! Затоа што градите не му тежат на телото, нема длабоки траги на рамењата и на грбот. Исто така рамките не ти требаат, можеш да носиш градник без рамки, без да се плашиш дали ќе ти “избегаат“ од своето место.
5. Можеш да извадиш големо деколте без грижа дали ќе излезеш вулгарна. Едноставно нема да откриеш премногу!
Сè уште мислите дека малите гради се проблем?
Но, ние најдовме повеќе причини зошто е супер да имате мали гради и зашто никој не треба да ви замери кога купувате мал број на град



