Освен што се супер вкусни, тие се полни со хранливи материи кои се неопходни за одржување на оптималното здравје.Веќе сигурно знаете дека јаткастите плодови се наоѓаат на листата на најздрави намирници, но меѓутоа кога зборуваме за нив, обично мислиме на ореви и бадеми. Секако, тоа се супер здрави закуски, но неоправдано се запоставени нивните “роднини” – ф’стаците.
Малиот зелен плод е моќна намирница која го забрзува метаболизмот и го успорува стареењето.
Еве пет фантастични предности на оваа намирница кои ќе ве натераат веднаш да отидете до најблиската продавница за здрава храна и да ги набавите своите дневни залихи.
Одличен антиоксиданс
Ф’стаците се рекордери помеѓу јаткастите плодови според содржината на антиоксиданси кои се клучни за обновата на клетките во телото, а многумина дури и ги нарекуваат природен ботокс. Се препорачува консумација на 5 до 10 ф’стаци дневно во борба против брчките.
Извор на влакна
Во само 100 грама ф’стаци се наоѓаат 10,3 грама диетални влакна кои се пресудни за добриот метаболизам и дигестијата.
Го регулира шеќерот во крвта
Една шолја ф’стаци содржи дури 60 отсто од дневната доза за фосфор. Овој минерал, освен што ги разложува протеините во аминокиселини, ја подобрува и толеранцијата во организмот на глукоза.
Го зголемува либидото
Ова особено важи за мажите! Една студија покажала дека секојдневното консумирање на ф’стаци ја зголемува сексуалната моќност кај мажите за дури 51 отсто, за што се заслужни есенцијалните масни киселини. Имено, тие помагаат во производството на полови хормони и го зголемуваат дотокот на крв во гениталиите.
Ги чисти крвните садови
Консумирањето на ф’стаци го намалува холестеролот за 20 отсто по само неколку седмици, за што е заслужен антиоксидансот наречен лутеин. Лутеинот го забрзува метаболизмот и го забавува стареење.
Совет: Бидејќи 100 грама ф’стаци содржат дури 542 калории, оваа намирница треба да се консумира умерено.Веќе сигурно знаете дека јаткастите плодови се наоѓаат на листата на најздрави намирници, но меѓутоа кога зборуваме за нив, обично мислиме на ореви