5 професии од кои најбрзо се оболува!

За некои професии е јасно дека се опасни, како што се оние кои се вршат во опасни услови – како дрвосечач, работниците на далекуводите, рударите…Некои работни места носат со себе опасност за која не сте свесни, а кои може да имаат значително влијание врз вашето здравје.
Земјоделците
Иако многу земјоделци живеат во отворено и водат физички активен живот, а со тоа имаат пониска стапка на смрт од срцеви болести или, на пример, рак на дебелото црево или на белите дробови, сепак, имаат многу поголем ризик за други болести. Според истражувањето од американскиот Национален институт за рак меѓу болестите на кои се склони се: леукемија, рак на кожата, усните и простата. Зошто? Изложени се на опасни хемикалии, пестициди, вештачки ѓубрива и добиточни вируси и прашина.
Градежните работници
Крановите кои можат да го испуштат товарот, падовите од големи височини и тешките машини не се единствените опасности на градилиштата. Многу работници кои работат на реконструкција на зградите, или работат на нивна изградба се изложени на азбест, која може да предизвика азбестоза и рак на белите дробови, откако ќе биде изложен на отровите кои се акумулираат во белите дробови.

Пожарна
Прилично е јасно зошто е опасно да се биде пожарникар, но повредите и вдишувањето на чад не се најголемата опасност, според американските власти. Седум пати се поголеми шансите пожарникарот да умре од срцев удар, отколку од вдишување чад, според статистичките податоци. Причината е стресот, физички и психички. Според една студија, додека тие се борат со огнот, ризикот од срцев удар на пожарникарите се зголемува за сто пати.
Пилоти
“Не треба да летаат премногу блиску до сонцето” вели една изрека, која се чини дека е многу точна кај пилотите на комерцијални авиони. Имено, исландскиот универзитет направи студија која покажала дека пилотите имаат 25 пати поголеми шанси да развијат малигнен меланом, најсмртоносната форма на рак на кожата. Причината може да биде зголеменото космичко зрачење на кое тие се изложени, како и начинот на живот што вклучува бесплатни летови до тропски дестинации и многу сончање и постојано менување на временските зони, кои можат да влијаат на способноста телото да се бори против болестите.
Сите работници кои седат на маса
Без разлика колку удобен стол или ергономска тастатура користите, кариерата зад канцелариското биро е опасна. Работата каде што седите по цел ден носи 82 проценти поголем ризик од кардиоваскуларни болести, во споредба со работни места каде се седи до четири часа неделно. Освен она очигледното – повеќе седење значи и помалку активност, а со тоа и помалку согорување на калории, прекумерното седење влијае и на тоа како мускулите ја обработуваат гликозата и ги согоруваат мастите. Научниците откриле дека редовното вежбање значително го намалува ризикот. Меѓутоа, седењето зад маса носи зголемен ризик од рак на дебелото црево, а за болниот грб да не зборуваме. Некои работни места носат со себе опасност за која не сте свесни, а кои може да имаат значително влијание врз вашето здравје.
Земјо

Пронајдете не на следниве мрежи: