5 страшни вистини за храната која ја јадеме!

Ова ќе ве натера да размислите за она што внесувате во вашето тело.
 Храната е нашиот најголем интимен контакт со надворешната средина. Она што јадеме, се вари, се апсорбира и станува дел од нас. Сепак, често се прејадуваме повеќе отколку што е потребно. За да бидат работите уште полоши, повеќето од нашите оброци ги јадеме од рестораните за брза храна.
Повеќе од половина од калории на еден просечен човек доаѓаат од високо преработена, со низок квалитет, храна без нутрициони вредности – наместо од органска, природна храна. Тоа е како да го поправате вашиот дом, со материјал од најлош квалитет.
Еве неколку факти кои ќе ви ги отворат очите.
1. Брашното и житните производи сочинуваат околу 23% од дневните калории, од кои околу 89% се преработени. Ова значи дека тие ги изгубиле повеќето од витамините, минералите, есенцијалните масни киселини и антиоксидантите. Обработката на житото може да влијае врз нивото на шеќер во крвта, како и да доведе до воспаление во телото.
2. Внесуваме на 17% од калориите од рафинираниот шеќер или пак од високофруктозниот сируп од пченка. Моменталните проценки се дека внесуваме околу 496 калории на ден, што е повеќе од 22 лажички на ден. Се разбира, за варење на овие шеќери се неопходни витамини Б, магнезиум, хром, цинк и други хранливи материи кои не ги поседува преработениот шеќер, така што вашето тело мора да ги најде на друго место.

 
 
3. Дури 24% од калориите кои ги внесуваме се добиени од масти и масла, од кои повеќето се обработени и лишени од витамини, минерали и антиоксиданси. Тие се “отпадни масти”, кои се денатурирани, оксидирани и структурно оштетени. Тие се наоѓаат во речиси сета преработена храна како и во сите зеленчукови масла кои се користат.
4. Само 5% калории дневно внесуваме од овошје и зеленчук. Помалку од 25% од луѓето консумираат најмалку пет порции овошје и зеленчук дневно, иако тоа не штити од срцеви болести, рак, дијабетес и други болести.
5. Просечен човек јаде многу малку ореви секоја година. Оревите се покажа како добра поддршка за мозокот и срцето, а исто така се поврзани со намалување на ризикот од рак на панкреасот.Храната е нашиот најголем интимен контакт со надворешната средина. Она што јадеме, се вари, се апсорбира и станува дел од нас. Сепак,

Пронајдете не на следниве мрежи: