5 тајни за долг живот

Професорот Карл Пилемер направил истражување врз 1500 долговечни луѓе. Тој тврди дека открил 5 тајни за долговечност.

Го проучувал начинот на живот на долговечните луѓе и разговарал со околу 1500 испитаници, на возраст од 70 до оние постари од 100 години. Еве ги петте едноставни тајни кои ги открил професорот Пилемер од долговечните луѓе:
1. Време. Запомнете дека животот е краток. Искористете го максимално секој момент кој ви е даден и не го поминувајте залудно.
2. Кариера. Работете го она што ве прави среќни. Така ќе живеете подолго.
3. Здравје. Вашето тело е вашиот храм. Однесувајте се кон своето тело како да ќе ви биде потребно уште наредните 100 години. Вежбајте и хранете се здраво.
4. Жалење. Бесмислено е да жалите за нешто што веќе поминало, а доколку постои можност да смените нешто, преземете акција.
5. Среќа. Среќата не е случајна – потрудете се да бидете среќни и покрај тешките времиња и бидете со оној кој ве прави среќни
 
извор: lady.mk Професорот Карл Пилемер направил истражување врз 1500 долговечни луѓе. Тој тврди дека открил 5 тајни за долговечност.

Пронајдете не на следниве мрежи: