5 трикови со кои секој ден ќе Ви биде максимално продуктивен

Иако денот се состои од 24 часа, честопати имаме чувство дека времето “лета”. Затоа е многу важно што подобро и поефикасно да ги искористите часовите во денот кои се пред Вас.Во продолжение, погледнете ги петте трикови кои ќе Ви помогнат најпродуктивно да го искористите Вашиот ден. 
Вежбајте наутро
Наместете го Вашиот аларм еден час порано и направете тренинг наутро. На тој начин, нема да имате изговор да го прескокнете тренингот, а исто така, ќе се чувствувате многу подобро и попродуктивно во текот на целиот ден.
Правете кратки паузи во текот на работниот ден
Иако можеби не изгледа така, но кратките пауза од неколку минути имаат големо значење. Одморете неколку минути и направете неколку вежби за истегнување, со цел да го разбудите Вашето тело.
Одредете си три приоритети
Секако дека во текот на денот имаме многу обврски, но создавањето на приоритети ќе Ви го олесни тој процес. Секое утро запишете си три најважни работи кои до крајот на денот треба да ги направите.
Оставете го мобилниот телефон
Сè почесто не сме свесни колку време трошиме на непотребно користење на мобилниот телефон. Доколку не се работи за итна или деловна ситуација на која треба да одговорите, оставете го мобилниот телефон онаму каде што нема да Ви биде во дофат.
Бирајте слични комбинации за облекување
Со цел да заштедите на време, во текот на работната недела бирајте комбинации со истата “формула”, како што е на пример кошулата во комбинација со фармерки и удобни чевли. Со тоа секогаш ќе знаете што барате кога наутро ќе го отворите ормарот.Во продолжение, погледнете ги петте трикови кои ќе Ви помогнат најпродуктивно да го искористите Вашиот ден. 
Вежбајте наутро
Н

Пронајдете не на следниве мрежи: