5 трикови за спас на врската

Акo навистина сакате да ја спасите вашата врска, тоа значи декa искрено ја сакате таа личност. Меѓутоа да се биде во врска не е едноставно.
Таа бара многу трпение, упорност и разбирање. Секоја врска доаѓа до некој момент каде и двајцата се двоумите дали вреди да ја задржите. Сепак, тоа не значи дека треба лесно да се откажете, туку напротив, треба да се борите и да дадете се од себе за да ја задржите.
Еве неколку трикови што може да ги примените ако сакате да ви успее врската:1.Пробајте да се сетите на убавите моменти во минатото
Прво на што треба да се сетите е вашиот прв состанок. Сетете се на вечерите кога ве испраќал до дома и кога не сте можеле да се разделите . Сетете се на она што сте уживале да го правите заедно. Вратете се на почетокот на врската и почнете повторно да ги правите сличните работи. Само така ќе ја обновите искрата меѓу вас двајца.
2. Физичиот допир
Пробајте да се гушкате и бакнувате секој ден. Бидете нежни со партнерот и исполнете му некоја желба. Само така ќе можете да ја оживеете врската.
3. Подобрете го сексуалниот живот
Монотонијата е една од најстресните работи во врската. Кога живот ќе ви стане предвидлив, отидете некаде за викендот и разгорете ги страстите.
4. Научете да комуницирате
Комуницирајте меѓусебно и дознајте што е тоа што му смета на вашето момче. Кажете и вие како се чувствувате па потоа најдете заедничко решение.
5. Искористетете го секој миг за да бидете заедно
Пробајте да поминувате повеќе време заедно како порано. Правете ги оние работи кои се потребни за секоја врска, а тоа е разговор, прошетки и секс. Само така ќе се зближите повеќе и ќе ви се врати страста.
 
 
 Акo навистина сакате да ја спасите вашата врска, тоа значи декa искрено ја сакате таа личност. Меѓутоа да се биде во в

Пронајдете не на следниве мрежи: