5 „уништувачи“ на љубовната врска

Колку и да се мали проблемите, потребно е да ги решавате веднаш штом ќе се појават. Во спротивно, ќе стигнете до планина од нерешени проблеми кои кога-тогаш ќе застанат помеѓу вас и партнерот.Несреќна жена
Иако врската не треба да базира само на секс, сексуалната интимност е многу важна
Немате доволно секс. Иако врската не треба да се базира само на секс, сексуалната интимност е многу важна. Сексот е начин за поврзување со партнерот. Колку често ќе имате секс, зависи од многу фактори. Но, во никој случај не треба да си дозволите да дојдете до момент кога либидото одамна ви исчезнало, а вие не се ни обидувате да си го вратите. Без страст ниту најсовршената врска нема да опстои.
 Ја игнорирате важноста на надворешниот изглед
 Многу партнери кои се во долга врска или брак, по одреден период го запоставуваат својот изглед и свесно или несвесно не се обидуваат да го подобрат. Некои жени забораваат на својата линија, а некои мажи започнуваат да се „гордеат“ на својот пивски стомак. Не се лажете дека на вашиот партнер не му е важно како изгледате и дека му е доволна вашата внатрешна убавина. Мажите сакаат кога ќе ја погледнат својата партнерка да си помислуваат „со што ли ја заслужив?“, а не „ех, колку беше убава кога ја запознав“. Истото важи и за нас жените. Сигурно не сакате вашиот партнер да престане да се грижи за себе, затоа што така ќе сте помалку привлечени од него, а тоа порано или подоцна ќе започне да влијае на вашата врска.
 Дозволувате проблемите да останат нерешени
 Ако ги оставате проблемите нерешени, а работите кои ви сметаат – некажани, сè со цел да избегнете расправии и да го зачувате мирот во врската, вие повеќе ја уништувате врската, отколку што ја зачувувате. Колку и да се мали проблемите, потребно е да ги решавате веднаш штом ќе се појават. Во спротивно, ќе стигнете до планина од нерешени проблеми кои кога-тогаш ќе застанат помеѓу вас и партнерот. Кога влегувате во расправија за да решите некој проблем, придржувајте се кон следните правила:
 Земете го предвид мислењето на вашиот партнер;
 Не се обидувајте да бидете во право, обидувајте се да го решите проблемот;
 Решавајте ги проблемите еден по еден;
 Не се навраќајте на грешките на вашиот партнер од минатото со цел да поттикнете чувство на вина кај него.
Сè ставате на кантар
 Ако вие или вашиот партнер постојано премерувате кој што направил и колку пати, тогаш имате проблем. Доколку често пати слушате реченици од типот „вчера бевме излезени со твоите пријатели, денес ќе излеземе со моето друштво“ или пак „јас постојано правам романтични гестови, а ти само неколку пати досега“, потребно е да ја искорените таа навика. Во врската навистина треба да има рамнотежа помеѓу она што го прават и даваат двата партнери, но постојаните споредби ќе предизвикаат тензија и непријателски чувства меѓу вас, а тоа на никаков начин не може да е корисно за една врска.
 Шпионирате
Можеби си мислите дека е добро постојано да знаете што прави тој, со кого комуницира и за што, но вистината е дека колку повеќе знаете, толку повеќе ќе бидете љубоморни и посесивни. Шпионирањето на неговиот Фејсбук профил или неговиот мобилен телефон може да ве доведе до информации кои ќе ги интерпретирате на погрешен начин и кои ќе предизвикаат непотребна расправија. Шпионирањето е знак на немање доверба, а без доверба, секоја врска е осудена на пропаст.Несреќна жена
Иако врската не треба да базира само на секс, сексуалната интимност е многу важна
Немате доволно секс. Иако вр

Пронајдете не на следниве мрежи: