5 виновници поради кои е невозможно да ослабете!

Вежбање и соодветна здрава исхрана се најважните сојузници во борбата против вишокот колограми, но некогаш колку и да се придржувате на ригорозните режими резултати често се отсутни и тоа поради овие 5 скриени виновници кои ве спречуваат во губење на тежината.1. Стресот
Многумина од нас мислат дека дневниот стрес може да го предизвика телото да консумира екстра калории. Но, вистината е дека стресот го зголемува лачењето на кортизол, хормон кој му сигнализира на телото да ги чува масти, особено во критичните точки околу стомакот.
Покрај тоа, хормонот на стресот го подигнуваат нивото на невропептид Y (супстанца која учествува во регулацијата на залихите на јаглехидрати), што ја зголемува желбата за храна.
Совет: Вежбањето го намалува стресот, како и урамнотежен и здрав оброк.
2. Вежбате, а не слабеете?
Навика на многумина е по шише со вода да посегнат веднаш по исцрпувачкиот тренинг, а тоа е голема грешка, бидејќи вежбањето може да предизвика задржување на водата во телото.
Имено, доколку телото за време на вежбањето не го снабдуваме со течност, тоа природно се осигурува да не дехидрира. Тело прави залихи на големи количини на вода, кои на овој начин, наместо да се ослободи вишокот вода тоа ја задржува во телото.
Совет: Секогаш со вас да носете шише вода и веднаш штом ќе се почувствувате жед напијте се неколку голтки.
3. Седење повеќе од два часа
Кога седиме нашето тело полека ја губи својата способност да го согорува вишокот на масти. Седењето од неколку часа без станување може да предизвикува бавно дејство на ензимот липаза, која вообичаено помага во согорувањето на мастите. Но, седењето овој ензим го тера да не работи правилно, поточно да работи само 10 отсто од неговиот нормален капацитет.
Истражувањата покажале дека долго седење може да предизвика метаболички синдром или синдром”х”, кој е комбинација на медицински нарушувања меѓу кои се и вишокот на масти околу стомакот, висок крвен притисок, високо ниво на масти во крвта и абнормален метаболизам на шеќерот во крвта, т.е отпорност на инсулин.
Совет: Поставете си аларм за потсетување на вашиот мобилен телефон кој на секој час ќе ве потсети дека на вашето тело му треба движење.

 

4. Не внесувате доволно протеини
Ако телото не добива доволна количина на протеини која за жените е околу 40 до 80 грама дневно доаѓа од зголемена глад, губење на мускулната маса и потребата за брзи закуски.
Затоа, треба да внесувате протеин. Протеинот на телото му дава енергија многу повеќе отколку јаглехидратите и мастите, и нема да чувствувате глад подолго време. Со доволен внес на протеини во телото мускулите ја задржуваат масата и го потикнуваат телото да согорува масти.
Совет: Често јадење на месо, јајца, јогурт, сирење, ореви или грав кои се одлични извори на протеини кои треба да се консумираат со цел да му ја дадат а телото потребната енергија и да овозможат побрзо согорување на телесните масти.
5. Не пиете доволно вода
Доколку на телото не му обезбедуваме доволно количество на вода, тоа добива погрешни информации, така што имаме тенденција да ја заменима потребата за вода со потреба за храна. Најчеста последица е конзумирањето на непотребни калории во закуски, калории кои не ни помагаат во слабеењето, како погрешен одговор на дехидрација.
Совет: Зголемете го внесот на течности, бидејќи, како што е веќе познато, вода го стимулира отстранување на токсините од телото и е идеалена за употреба во борбата против 'неточно' сигнализиран глад.1. Стресот
Многумина од нас мислат дека дневниот стрес може да го предизвика телото да консумира

Пронајдете не на следниве мрежи: