5 знаци дека врската оди во добар правец

Ако не мораш да ги покажуваш неговите пораки на другарките и со нив да пробуваш да сватиш што всушност сакал да каже, вам ви оди добро!Врските понекогаш се комплицирани, а понекогаш се толку едноставни па знаеме да се запрашаме дали е можно да е толку лесно. Ова се знаци дека вашата врска е убава, дури и кога ги нема оние ,,интересни” компликации:
Допишувањето е слатко
Ако не мораш да ги покажуваш неговите пораки на другарките и заедно пробувате да ги сватите, тогаш супер ви оди. Допишувањето во кое нема премногу размислување е многу подобро од она кое бара анализа.
Можете да молчите заедно
Незгодната тишина е непријатна, но ако можете да молчите заедно без да ви биде неудобно, значи да сте на иста бранова должина.

Го почитувате слобдното време за пријателите
Тој знае дека треба да излезеш со другарките, ти знаеш дека му треба време со неговите другари. Тогаш…нема потреба да си префрлувате еден на друг.
Нема љубомора
Во секоја врска мора да постои барем малку љубомора, но тука зборуваме за онаа кога ќе му стигне порака на мобилниот или кога на Facebook ќе видиш коментар од некоја друга девојка. Ако не си љубоморна на тоа, значи дека му веруваш.
Пријателите ви се сложуваат
Меѓусебно и со одредена особа. Ако твоите другарки не се задоволни со твојот дечко, со време тоа ќе почне да смета. Ако се, тогаш работите ќе идат многу полесно.Врските понекогаш се комплицирани, а понекогаш се толку едноставни па знаеме да се запрашаме дали е можно да е толку лесно. Ова се знаци дека вашат

Пронајдете не на следниве мрежи: