5 знаци кои покажуваат дека ИТНО ви е потребна детоксикација!

Насобирањето на токсини во телото резултира со надуеност, лош тен, недостиг на елан и промени на расположението, а сето тоа се случува поради секојдневниот стрес со кој што се соочуваме, како и со нездравиот начин на живот.Но, не е само тоа…
Откријте ги и овие знаци и дознајте како можете да ги намалите непријатните последици од потребата за детоксикација…
1. Несоница
Ако имате проблем со спиењето, големи се шансите да имате проблеми со црниот дроб, кој работи прекувремено и ви оневозможува да заспиете. Краткорочно со овој проблем можат да ви помогнат производи во прав со додаток на глицин, кој ќе ве опушти и ќе ви овозможи мирен сон.
2. Алергија
Ако периодов ви се зголемуваат симптомите на алергија, тогаш сигурно во прашање е вашиот организам и имунитет. Затоа, направете детоксикација на организмот и намалете ги последиците што повеќе. Најдобро е да се лекувате со природни производи како пчелен мед, прополис и полен.

3. Осип
Изгледот на кожата е одличен показател за тоа што навистина се случува во организмот. Ако ви се појават пликови кои ве чешаат, тогаш телото ви порачува дека се бори со некој вид на осип, а истиот обично може да е предизвикан од нездрава храна.
Во лечењето на овој вид неправилности може да се послужите со пиење на природни лекови и чаеви, во зависност од видот на осипот кои го имате. Најдобро е да се консултирате со дерматолот.
4. Потреба за слатки
Претераното уживање во слатките производи од рафиниран шеќер е навика која може да се спореди со зависност. Квалитетната детоксикација на организмот не подразбира само отстранување на штетните материи од телото, туку и потиснување на желбата за слатко.
Брз трик на намалување на оваа желба е едноставна: во една чаша со обична вода додајте 3 кафени лажички јаболков оцет, па секој пат кога ќе ви се пријаде слатко испијте малку од овој пијалак.
5. ПМС
Ако секој месец патите од болен предменструален синдром, можно е да сте главна кандидатка за детоксикација на организмот. Масло од јаглика може да ви помогне да ги намалите непријатните последици дури за 50%. Но, не е само тоа…
Откријте ги и овие знаци и дознајте како можете да ги намалите непријатните последици од потребата за детоксикација…

Пронајдете не на следниве мрежи: