5 видови „лоша“ храна којашто всушност е добра за вас

Некои видови храна, како што се компирите, бананите и јајцата, се неправедно етикетирани како нездрави и лоши за нас, без многу да се истражува тоа тврдење. Многу храни, пак, можат да бидат дел од вашиот режим на исхрана и совршено да го надополнуваат, а постојат и такви кои ги сметаме за здрави, а всушност можеби не ви одговараат вас. Ова се петте видови храна кои неправедно се ставаат во групата лоша храна за вас:
1. Обичен, бел компир
5 видови „лоша“ храна којашто всушност е добра за вас
Долго време се веруваше дека компирот е грутка скроб со малку нутритивни вредности, но тоа не е точно, бидејќи токму белиот компир, за разлика од своите нови роднини, има висок гликемиски индекс. Кога е добро сварен или испечен и ако го јадете ладен, придобивките за вашиот организам се уште поголеми.
Еден средно голем печен компир содржи 952 милиграми калиум, 4 грама растителни влакна, 4,5 грама протеини, мали количини витамин Б и Ц, калциум, магнезиум и само 164 калории.7


2. Јајца
5 видови „лоша“ храна којашто всушност е добра за вас
Изминатите години беше популарно верувањето дека жолчката е премногу калорична и дека омлетот од белка е здрава варијанта на појадокот со јајца. Вистина е, јајцето содржи холестерол, но во разумна количина и избалансиран е со уште многу други нутритивни материи, особено корисни протеини за клетките и за функцијата на црниот дроб.
3. Тестенини
5 видови „лоша“ храна којашто всушност е добра за вас
Во зависност од какво брашно е подготвена, тестенините и нивните варијанти можат да бидат важен дел од вашиот диететски план. Во комбинација со зеленчук, сос, печурки и различни видови сирење, еднаш до два пати во неделата, тестенините можат да ви бидат идеја за брза подготовка на оброк.


4. Јатки
5 видови „лоша“ храна којашто всушност е добра за вас
Иако веќе е докажано дека не се штетни, кај многумина уште важи верувањето дека јатките се богати со масти кои може да ѝ наштетат на диетата. Но, во овој случај се работи за корисни масти кои му се потребни на нашето тело, а освен тоа, јатките се богати и со многу други хранливи материи, како омега 3, магнезиум, калциум и железо.
5. Чоколадо
5 видови „лоша“ храна којашто всушност е добра за вас
Овој производ предизвикува голема среќа, особено ако го пронајдеме во некој диететски план. Темното чоколадо со висок процент какао е богато со флавониди кои го намалуваат стресот, но и со антиоксиданси. Постои верување дека редовното консумирање темно чоколадо, во разумна количина, позитивно влијае врз когнитивните функции.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.