Иако идејата за момче кое никогаш нема да порасне од една страна може да делува романтично и секси, за жал, најчесто жените ја плаќаат цената за оваа награда. Бракот на повеќето им носи среќа и подобро физичко здравје. Но од друга страна, жените не може да бидат сигурни дека ќе ги добијат овие придобивки.
Дали тие ќе имаат корист од бракот зависи од квалитетот на врската што ја имаат со нивниот партнер. Па, размислете дали се состанувате со некој кој понатаму ќе зависи од вас или со партнер со кој ќе можете да донесувате заеднички важни животни одлуки. Ако се пронаоѓате во следниве пет знаци, тогаш најверојатно се состанувате со детинест маж и време е да размислите за својата иднина.
Морате да прибирате после него
Ако постојано ги прибирате работите после него, како што е неговата облека, јадењето, па сѐ до посериозни нешта, како што се неплатените долгови, тогаш треба да знаете дека имате проблем.
Кога нешто не е во ред со неговата работа или пријатели, вие сте тие кои ги преземате нештата во свои раце и се обидувате да му помогнете, постојано наоѓајќи изговори за него, при што честопати гледате повеќе од негова, отколку од своја перспектива. Ако е ова вака, застанете и размислете зошто дали воопшто имате возрасен човек покрај себе?
Не му одговара разговорот за деца и посветеноста на врската
Откако ќе поминете одредено време во врска, сосема е нормално да почнете да размислувате за иднината. Но, кога ќе почнете да зборувате за заедничката иднина и за деца, во неговите очи ќе видите паника и веднаш ќе сака да избега. Ако по некој разумен временски период не можете да дискутирате за заедничката иднина, тогаш тоа е знак дека вашиот партнер е детинест.
Ова однесување е чудно, затоа што покрај сѐ, вие само зборувате и не сте сигурни дали тоа ќе се случи, но тој мора да биде способен да го следи разговорот затоа што само на овој начин можете да видите дали го сака истото како и вие.
Постојано го потсетувате
Знаете дека сте досадни, но сепак не можете да престанете да го потсетувате што треба да направи, што рекол дека ќе направи или што не треба да прави.
Најчесто сте разочарани затоа што никогаш не ги исполнува ветените работи, а секогаш кога ќе се обидете да имате посериозен разговор за она што ве мачи, тој ќе го избегне тоа и ќе ве обвини дека сте досадни. Ова значи дека тој не презема одговорност за себе и за своите активности.
Избегнува сериозни разговори
Кога ќе имате намера да зборувате за сериозни работи, тој ќе направи тоа да звучи како шега, ќе ја смени темата или ќе гледа во својот телефон. Детинестите мажи не сакаат соочување, па тој ќе направи сѐ за да го избегне тоа.
Се однесува како тинејџер кога е со своите пријатели
Кога излегува со своите пријатели, вашиот партнер повторно станува тинејџер. Не може да го контролира пиењето алкохол, учествува во тепачки или ја враќа тинејџерската смисла за хумор. Мажите кои никогаш не пораснуваат не знаат како да се справат со возрасните жени кои сакаат сериозни разговори.
Всушност, колку повеќе се однесува вака, толку повеќе вие ќе ја преземате „улогата на мајка.“ Тешко е да имате иста перспектива со некој кој постојано сака да се забавува со своите пријатели. Тогаш може да сфатите дека сте осамени и дека кога сте заедно не уживате на вистинскиот начин.
Ако се пронајдовте во ова тогаш вратете се назад и помислете што е она што ве мотивира да останете во врска со детинест маж. Можеби и вие не сте подготвени за сериозна врска?
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.