Јагодите се овошје кое многумина го обожаваат, а сега е вистинската можност да ги искористите и за само неколку часа да направите вкусно уживање во кое ќе ужива целото семејство.
Домашниот сладолед е најздравата верзија на ова слатко, но и најевтината.
Доколку сакате да го задоволите вашето семејство со вкусен ладен десерт, направете го овој домашен сладолед и уживајте во него колку што сакате.
Потребно е:
1 кг измиени и исчистени јагоди
200 мл јогурт (подобар е оној со погуста конзистенција)
неколку лажици мед (може да користите и шеќер, ако немате мед)
малку сок од лимон
Подготовка:
Во блендер ставете ги јагодите, јогуртот, медот и сокот од лимон. Измиксирајте да се соедини, но не мора да претерувате, можете да оставите да има парчиња јагода на некои места.
Ставете во пластичен сад и во замрзнувач. По 4,5 часа сладоледот е готов за консумирање.
Декорирајте по желба и послужете.