5 народни лекови со кои ќе ги решите сите кожни проблеми!

ГАБИЧНИ ИНФЕКЦИИ
Чајот од кантарион ќе ве прочисти и ќе ви помогне да се ослободите од габичните инфекции. Местата на кожата како и заболената слузокожа испирајте ги со овој чај неколку пати дневно.
Кантарионовото масло е уште еден дар од природата, кој особено и помага на кожата. Овој еликсир е одличен при забрзување на исцелувањето при површни рани и изгореници.
МОДРИНКИ
Верувале или не, кога при силен удар на телото ќе ви се јави модринка, само исечкајте свеж магдонос и ставете го на газа и како облога нанесете го врз болното место.
Болката ќе престане, а модринката видно ќе се намали после само неколку часа. За целосно исчезнување на модриката методот повторувајте го следните 2-3 дена.
БРЧКИ И ДАМКИ НА КОЖАТА
Медот уште во египетската цивилизација се смета за еликсир на младоста и виталност. Затоа се јадел сам или во колачи, а се користел и за приготвување на шминка и средства за ладење, а најмногу го користеле богатите Египќани.
Луѓето кои секој ден јадат по една лажица мед имаат подобра крвна слика и повитален организам во целост. Меѓутоа, она што кај нив се истакнува е еластичната кожа и младешкиот изглед.
Затоа, лицето или местото кое сакате да го опоравите, намачкајте го со мед во комбинација со млеко и цимет, а брчките и дамките видно ќе се намалат. Медот може да се мачка и на испукани капилари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.