5 најдобри летни пијалаци кои немаат многу калории

Коктелите се многу калорични, всушност како и секој алкохолен пијалак. Сигурно цела зима работевте напорно за да имате убава линија на плажа, па сега сте малку внимателни со храната и пијалаците кои ги консумирате.
Па, доколку сакате да се забавувате со вашите пријатели и да пиете летни коктели без да имате грижа на совест, ние имаме неколку предлози за вас.
1. Тропикал Сангрија
Овој лесен алкохолен пијалак, кој обично го преферираат жените, ќе ве освежи и во најжешките летни денови. Тоа е така бидејќи во себе содржи доста овошје, а од алкохол обично содржи црно вино, но може да се направи и со бело вино. Доколку сакате егзотично и здраво освежување, Сангријата е совршена за вас.


2. Овошно Мартини
Овој префинет пијалак можете да го нарачате во комбинација со различни овошја. Покрај тоа што ќе ве освежи, неочекуваните овошни комбинации како што е на пример боровница и јагода, целосно ќе ги разбудат вашите сетила.


3. Априкот Ројал
Покрај жедта, овој пијалак ќе го задоволи и вашиот глад. Направен од кајсија, овој коктел може да ви послужи и како брза закуска. Уживајте во лесните, овошни ноти и во пенестата текстура на Априкот Ројал.


4. Амарето со боровница


Покрај тоа што има малку калории, овој коктел има и голем број антиоксиданти. Ќе се заљубите во неговата функционалност, но и во неодоливиот овошен вкус кој е совршен за освежување во топлите летни денови. Но, внимателно, овој коктел содржи голем процент на алкохол.
5. Коктел со тропско овошје


Шареноликото тропско овошје во овој коктел ќе ви донесе малку боја во спарната летна вечер. Освежувачкиот вкус на кокос, ананас, рум и банана нема да ве остави рамнодушни, па ќе ве натера на танц со кој ќе ги заборавите летните горештини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.