5 најлоши совети за исхраната кои ги добивате и често ги применувате, а се погрешни

Вистината е дека постојат многу лоши совети поврзани за исхраната. Најверојатно некои од нив секојдневно ги слушате. Затоа, најдобро е да се информирате што навистина е штетно, а што не, како влијае одредена храна на вашиот организам и колку ригорозно сакате да се грижите за исхраната.
Ова се најчестите совети кои ги добивате во врска со исхраната, а се погрешни.
1. Исфрлете ги јаглехидратите во целост
Доколку сакате да го одржите телото здраво и да бидете усешни на долгорочен план, не треба да ги отстраните јаглехидратите во целост. Напротив, треба да внесувате и јаглехидрати, но во умерени количини и да се трудите да јадете здрави јаглехидрати.
околку јадете тестенини, потрудете се да бидат интегрални.


2. Кога сте гладни земете гума за џвакање
Игнорирањето на чувството на глад нема да ги намали калориите и нема да помогне кон губењето на вишокот килограми. Всушност, тоа може и да ни наштети бидејќи доколку не јадеме кога сме гладни, подоцна ќе изедеме многу повеќе. Затоа, кога сaкаме да внимаваме на исхраната и да намалиме килограми, мора да имаме подготвено и здрави ужинки за периодот кога ќе ни се пријаде. Најдобро е тие ужинки да се богати со хранливи влакна и протеини, бидејќи само така ќе не одржат сити до наредниот оброк.
3. Пијте диетални напитоци
Истражувањата покажуваат дека косумирањето на диеталните напитоци кои содржат повеќе вештачки засладувачи доведуваат до метаболички синдром и дијабет тип 2. Оттаму, подобро е наместо готовите диетални пијалоци, да пиете вода.
4. Ако сакате да ги намалите килограмите, јадете помалку и вежбајте повеќе
Уште еден совет кој е многу невистинит. Доколку чекате на овој начин да се ослободите од вишокот килограми, тогаш ќе се изначекате. Повторно напоменуваме дека кај оброците е важен балансот на хранливите вредности и секако умереност во количината на храната која ја внесувате. Вежбањето е секогаш добредојдено и од него може само да добиете поголема корист и побрзо остварување на вашите цели.


5. Морската сол е поздрава од обичната сол
Сол е сол. Во однос на консумацијата на солта, треба да внимавате на нејзиното количество, а не на типот на солта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.