Славниот дански модел, 50-годишната Хелена Кристенсен, некогаш суверено владеела со модните писти. Креаторите и натаму ја бараат, во желба славната кралица на убавината да им отвори ревија, да рекламира нивен бренд, а таа прифаќа кога сака.
Иако официјално повеќе не се занимава со мода и не мора да ги почитува строгите правила, Хелена уште во младоста поради работата научила колку треба да се води сметка за телото да биде здраво и убаво.
Дека старите навики тешко умираат покажува и тоа дека ден денес внимава што јаде и каков начин на живот води, а дека тоа дава резултати, и тоа феноменални и долгорочни, покажуваат нејзините најнови фотографии.
Имено, Хелена била фотографирана во едноделен костим за капење, а притоа ги открила и затегнатите нозе, како и совршената половина, рамниот стомак и перфектно обликуваните раце.
Хелена се фотографирала во јога поза и така потврдила дека веќе со години е посветена на овој спорт.
Иако за моделите и манекенките се претпоставува дека водат нездрав живот, бидејќи наводно јадат малку, кога станува збор за Хелена Кристенсен, вистината е поинаква.