Компанијата Xiaomi честопати е нарекувата „кинескиот Apple“, но ова не се должи поради скапите цени на своите уреди, туку поради рекордите кои продолжува да ги крши. MiPad таблетот започна да се продава оваа недела и веќе беше распродаден за 4 минути…Станува збор за таблет кој е конкурент на iPad Mini, а поседува 7,9 инчен IPS екран со резолуција од 2048 x1536 пиксели, моќен Nvidia K1 процесор со 1GB RAM и простор за складирање на податоци од 16 до 64 гигабајти, во зависност од моделот што ќе го купите. Спецификациите продолжуваат со задна камера од 8 мегапиксели, предна камера од високи 5 мегапиксели и можност да го ја проширите меморијата со MicroSD картичка до 128 гигабајти.
Дизајнот на таблетот е хибрид помеѓу iPad Mini и iPhone 5c, што значи дека изгледа одлично и е изработен од квалитетни материјали. Главната предност на овој уред е што верзијата со 16 гигабајти чини само 175 евра, додека пак верзијата со 64GB чини 200 евра, што е двојно помалку од таблетот на Apple.
Xiaomi користи нешто кое се нарекува Hunger Marketing, каде што интензивно се рекламира производот и потоа се продава само лимитирана бројка онлајн. Со својот нов таблет, Xiaomi продаде 50,000 единици за само 3 минути и 59 секунди.
Извор:gsm.mk
Станува збор за таблет кој е конкурент на iPad Mini, а поседува 7,9 инчен IPS екран со резолуција од 2048 x1536 пиксели, моќен Nvidia K1 процесор с