Интернет компанијата Google разви нова апликација на својот сервис за пребарување, како и верзија на интернет пребарувачот Chrome за оперативниот систем Windows 8, чиешто официјално лансирање беше во петокот, јави корпоративниот блог на Google.
Корпорацијата Microsoft во петокот почна со продажба на оперативниот систем Windows 8. Компанијата се обиде да направи универзален систем кој е погоден, како за конвенционалните персонални компјутери (PC), така и за таблетите со екран на допир.
Пребарувачот Google Chrome за Windows 8 е оптимизиран за екран осетлив на допир, имено обезбедува повидливи ознаки за функции и способноста Chrome да се задржи отворен заедно со други апликации.
Кон првичната работна платформа, во Windows 8 почетниот екран сѐ уште е исполнет со „живи плочи”, веќе познати од паметните телефони Windows Phone. Google ги адаптирал дизајн верзиите за двата сервиса под новата основа за интерфејсот на Windows 8.
Во примената на Google Search е интегрирана технологијата за гласовно пребарување, а исто така и инстант приказот на резултатите од пребарувањето на Google Instant. Специјалните логотипи коишто Google ги пласира за конкретни значајни датуми, ќе бидат прикажани директно на „плочката“ на пребарувачката апликација на Google на почетниот екран на Windows 8.
Инсталирањето на новите апликации, корисниците можат да го извршат од специјалната страница www.getyourgoogleback.com.
Благодарение на Windows 8, во Microsoft се надеваат дека ќе решат одеднаш два проблема, имено да се одржат на пазарот на таблетите и да ја поттикнат продажбата на персонални компјутери, особено преку ширењето на ретки првични модели на уреди. Тоа ги вклучува компактните сметачи со екрани на допир и хибридните лаптопи кои можат да се претворат во таблет.
Ресурсот за пребарување Google е лидер според популарноста во повеќе земји во светот, а неговиот интернет пребарувач Google Chrome е понапреден од конкурентските на глобалниот пазар, покажуваат податоците на аналитичката компанија StatCounter.
Пронајдете не на следниве мрежи: