ГОЛЕМО НАЈАВУВАЊЕ: Шварценегер пак ќе го глуми Конан

Арнолд Шварценегер се подготвува за враќање на филмот во една од неговите најпознати улоги на Кона во новото продолжение на продуцентската куќа Universal Pictures, според нејзиното соопштение од саботата.

Поранешниот републикански гувернер на американската сојузна држава Калифорнија, 65-годишниот Арнолд Шварценегер, ќе се појави во најновото продолжение „Легендата за Конан“, три децении откако со овој лик се прослави Австриецот тогашен светски шампион во бодибилдинг.

„Секогаш го сакав ликот на Конан и чест ми е повторно да ја толкувам таа улога“, изјавил Шварценегер.

Филмовите „Конан Варварот“ од 1982 и „Конан Разорувачот“ од 1984 година заедно заработија повеќе од 70 милиони долари Продолжението на серијалот за Конан во кината треба да почне да се прикажува во текот на 2014 година.

Прифаќањето на оваа улога претставува уште еден обид на Шварценегер да се врати во Холивуд откако по многуте улоги на акциони херои кариерата се префрли во политиката и неодамна го заврши својот гувернерски мандат.

Пронајдете не на следниве мрежи: