Во Шпанија протестира и полицијата

Неколку стотини полицајци во саботата протестираат пред шпанското министерство за внатрешни работи во Мадрид за да го изразат својот револт против кастрењето на буџетот и укинување на нивните права, пренесува AFP.

Шпанските полицајци протестираат на големата авенија Пасео де ла Касттељана во центарот на Мадрид носејќи транспарентни на кои пишува „Полицајците веќе не можат“. Авенијата е блокирана и поради претходно најавениот повик за протест на полициските синдикати.

Како и сите државни службеници во Шпанија и полициските се на удар на строгите мерки за штедење кој ги воведен конзервативната влада на премиерот Маријано Рахој за да се намали големиот државен долг.

„Се собравме тука за да го изразиме нашето спротивставување и лутина поради начинот на кој постапува со нас владата, не само поради укинувањето на божикните регреси поради што примањата паднаа за 7 отсто годишни, туку и поради укинувањето на нашите права“, изјави за агенцијата 33-годишниот полицаец Фран Естасио.

Полициските синдикати објаснија дека за првите три дена од боледувањето, на полицајците платата сега им се намалува за 50 отсто, а во наредните 20 дена за 25 отсто, досега на шпанските полицајци платите не им биле намалувани за боледувањата во првите 90 дена.

„Замислете полицаец со висока температура на улица, со оружје…, владата мора да признае дека полицајците се државни службеници со специјални задачи“ истакнуваат синдикалците.

На многуте транспаренти биле истакнати и натписи како „Доколку сакате полиција платете ја“ и „Не ја користете полицијата само за да ги замолчите луѓето“.

Со новите одредби на владата, шпанските полицајци се ускратени и во доменот на нематеријалните права, па така правото на дополнителни шест дена на годишниот одмор, кои им следуваа досега поради тешките работни услови, од 1-ви јануари се намалуваат на три дена.

Пронајдете не на следниве мрежи: