Бранови на цунами со височина над два метра претставуваат закана за повеќе острови од Хавајскиот архипелаг, јавува CNN. Според експертите , цунамито е последица од земјотресот со магнитуда од 7,7 степени по Рихтер што во неделата рано утрината го погоди западниот брег на Канада.
Кон градот Кахули, на островот Мауи се движи бран со височина од повеќе од 1.5 метар. Приближното време кога бранот ќе стаса до брегот се предвидува за 1020 часот по локално време (9,20 часот по македонско време). Бранот со височина во моментов од околу пет метри го загрозува соседниот град Хило. Кон другите острови се движат бранови цунами со значително помали височини, до еден метар, предупредуваат локалните власти кои издадоа предупредување за локалното население преку активирање на сирени и звучници.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Ураганот Сенди зеде 21 жртва на Бахамите
Земјотрес во Италија, старец починал од страв
Кралицата Елизабета на смртна постела?
Пронајдете не на следниве мрежи: