Германските лекари извадиле тумор тежок 28 килограми од телото на пациентка којашто претходно била прогласена за дебела, соопштиле од универзитетската клиника во Дрезден каде била извршена операцијата.
Операцијата, инаку, била извршена на почетокот од октомври, траела осум часа, минала во ред, пациентката добро се чувствувала и веќе почнала да се движи со помош на патерици, изјавил портпаролот на клиниката во Дрезден.
Таканаречениот „бордерлајн“ тумор, односно тумор на границата со малигност, со големина од 60 на 50 сантиметри, се наоѓал на јајникот на пациентката која неверојатно брзо се дебелеела. Брзото зголемување на телесната тежина на пациентката нејзиниот лекар го препишал на дијабетесот и недоволното движење па и одредил диета.
Кога жената поради големината на туморот веќе не можела да стои нејзината ќерка побарала второ лекарско мислење, а ренгенската снимка овозможила да се донесе вистинската дијагноза.
Туморот бил толку голем што била потребно количка за негов транспорт од операционата сала додал портпаролот.
Пациентката во текот на операцијата загубила 40 килограми и изјавила дека е „извонредно среќна“. „Немам зборови со кои можам да им се заблагодарам на лекарите, сега сум сосема поинаква личност“, додала пациентката пренесува агенцијата DPA.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Џиновски постери на голи мажи ја шокираа Виена
5 дена со вибратор од 23см во себе
Џиновско око најдено на плажа во Флорида
Пронајдете не на следниве мрежи: