Секоја една жена кога стапува во брак, се надева дека таа љубов ке трае засекогаш, се додека смртта не ги раздели. Таа е лудо вљубена во нејзиниот сопруг и сака нештата така да останат. Да секоја дама, мечтае за вакво нешто, засекогаш да бидат заедно, да имаат големо семејство, да си бидат подршка еден на друг, но никогаш работите не се така розеви во животот нели?
По одреден број години, во еден брак се појавуваат проблемите, излегуваат на површината и веќе ништо не е како порано за вас.Во првата фаза од бракот, се е совршено, блиски односи, прошетки, романтика, по неколку години тие работи се се поретки, веќе нема романтични гестови, интимните моменти се навистина поретки. Дамите се трудат да ја одржат таа љубов, но не на сите им успева.
Тој станува далечен за вас, се посветува на кариерата Доаѓа доцна дома, со изговор дека има многу работа.Тука веќе е време за вашите љубоморни сцени, кавги секојдневни и навреди. Ова е навистина лоша фаза од вашиот брак.Потоа доаѓаат и децата, вашиот свет се врти околу нив, но само вашиот не и неговиот. Се обвинувате меѓусебе дека не се грижи доволно тој доволно за децата, тој пак ве обвинува дека како и секогаш претерувате.
Можни се и ситуации кога, и двајцата спиете во различен кревет, е тоа е онаа најлошата фаза за вас, страдате тивко во вас.Кризата е секогаш присутна кога станува збор за финансиите, секогаш нешто фали во домот. Но не очајувајте, се што треба да сторите е да размислите со ладна глава, да преспиете и да донесете одлука како што ви вели срцето, можеби ке успеете да ги решите проблемите со вашиот сопруг.Ниедна брза одлука не е добра, можеби вашата љубов ќе најде пат кон среќата.
Пронајдете не на следниве мрежи: