Македонскиот ракометен репрезентативец го предводеше својот тим во Шпанската ракометна лига до нова победа постигнувајќи шест погодоци за својот тим на гостувањето кај Вила.
Атлетико Мадрид го доби дуелот на гостувањето кај Вила де Аранда со резултат 25-30, на полувремето од натпреварот резултатот гласеше 13-14.
Нашиот репрезентативец беше одличен на овој натпревар постигнувајќи шест погодоци за својот тим и беше главен стрелец на мечот, зад него Јоан Канелас беше втор стрелец со пет голови.
Тимот на Лазаров со 16 бодови го дели првото место со екипата на Барселона.
Пронајдете не на следниве мрежи: