Цитати: „Точно како два и два.“ – Игор Џамбазов

На неа мислам постојано. На неа мислам и тогаш кога мислам дека не мислам. Значи мојата Ики и јас. Ние не сме створени еден за друг. Ние сме створени еден за друг. Само не` уништија. Вистината и лагата. Неа ја уништи вистината, мене лагата. 

Пријателе мој, никогаш немој да ги лажеш оние кои те сакаат. Правиш погрешна работа. Викни некогаш, налути се понекогаш и ветувај засекогаш.

Што ми згреши мене мојата Ики? – Ништо.

Што сум и згрешил јас? – Се`.

Заслужува ли морално хендикепирана личност како мене да дели живот со неа? Таа имаше желби – јас ги уништив. Таа можеше многу – Не и` дадоа поради мене. „Пушти ме, лесно ќе ме заборавиш, гледаш дека несреќата оди по мене. Како верна сенка. Ти си уште млада, имаш време за се`. Побарај си ја среќата го заслужуваш тоа.“

Патетично до јајца, нели пријателе мој? Ама точно. Како два и два.

 

– Игор Џамбазов

 

Преземено од: https://beleskitenalajlagrejs.wordpress.com

Пронајдете не на следниве мрежи: