Екипата на Бока Јуниорс се спаси од пораз на гостувањето кај лутиот ривал Ривер Плејт, натпреварот се одигра пред околу 65000 гледачи, домаќините не ја искористија предноста од 2-0 и му дозволија на гостинот да замине непоразен од овој натпревар.
Неверојатен фудбалски спектакл во Аргентина, дуел на најголемите ривали, Ривер Плејт – Бока Јуниорс, прекрасна атмосфера од трибините, навивање какво што може само во Јужна Америка да се види.
Први во водство дојдоа домаќините со голот на Понци во 2-рата минута при еден слободен удар а воедно и грешка на голманот на Бока, настана ерупција од задоволство на трибините, така гласеше резултатот при првиот дел.
Во вториот дел Ривер во 70-тата минута зголеми на 2-0 преку Мора. Но, шест минути подоцна Силва од пенал намали на 2-1 и навести интересна завршница на овој меч.
Кога сите очекуваа да заврши овој натпревар, Бока преку Ервити израмни во 90-тата минута од мечот и конечниот епилог на мечот гласеше 2-2.
Каква еуфорија владееше пред почетокот на мечот…
Фото: www.riverplate.com
Пронајдете не на следниве мрежи: