Три лица се смрзнале во неделата во Полска, каде првиот годинешен снег е проследен со пад на температурите по нулата, соопшти тамошната полиција.
Двајца мажи на 52 и 56-годишна возраст се смрзнале во југоисточна Полска. Нивните тела биле пронајдени од случајни минувачи во неделата наутро.
„Биле под дејство на алкохол“, изјавила Ренатао Лашижка Русек, портпаролка на полицијата во градот Лублин, пренесува AFP.
Третата жртва на ниските температури е 53-годишен бездомник, пронајден во местото Ниса, во југозападниот дел од Полска.
Снегот во Полска предизвика застој во железничкиот сообраќај, посебно во централниот дел на земјата. Речиси 70 илјади луѓе останале без струја во околината на главниот град Варшава.
Минатата зима во Полска до студ починаа повеќе од стотина лица. Повеќето од жртвите беа бездомници, неретко во алкохолизирана состојба. Полската полиција во неделата повторно упати апел до граѓаните да јават доколку забележат лица без постојано место на живеење.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Двометарско цунами закана за Хаваи
Поплавена Венеција
Инцидент со хемикалии во фабрика за чоколадо во Германија, евакуирани 1.800 луѓе
Пронајдете не на следниве мрежи: