Актерот кој во претходните 4 делови на 'Невозможна мисијa', освен што се појави како актер тој се појави и како продуценти изјавува дека ќе продлжи да ги меша своите прсти во филмовите се додека има интерес од публиката..
Том Круз во интервју за списанието 'Total film' изјави дека преговорите за петтиот дел на 'Невозможна мисија' се веќе започнати.
'Веќе работиме на концептот на новото продолжение. Обожавам за време на периодот додека патувам за да ги промовирам своите филмовите,да го прошетам малку градот, да го запознаам.Така и настана самата идеа за новото продолжение, така настана и локацијата за неговото снимање.'-изјави Том Круз.
Круз вели дека секој негов филм претставува предизвик за него, бидејќи не може да ја претпостави ниту да ја знае реакцијата на публиката.
Тој не сака да ја открие датата на започнувањето на снимањето.
Првиот филм на 'Невозможна мисија' е снимен далеќната 1996 со буџет од 80 милиони долари беше еден од најскапите филмови во тоа време, а со заработката од 450 милиони долари ги собори сите рекорди.
После 4 години, во период кога беше празен период на добри филмови, пристигна и 'Невозможна мисија 2'(со буџет од 120 милиони долари, а заработка од 540 милиони). Во 2006 беше снимен и третиот дел, во кој беа вложени околу 150 милиони долари, а тој сепак не помина добро бидејќи неговата заработка беше едвај 350 милиони долари што претставува најлошата салдо франшиза.
Минатата година ни пристигна и 'Невозможна мисија 4'. Во ова продолжение беа вложени 140 милиони долари буџет, а тој успеа да ги собори рекордите и заработи 670 милиони долари, па затоа не е ни чудно што Том Круз сака да сними и петто продолжение.
Погледнете ги и следниве статии:
Al Pacino снима филм за John Lennon
Неверојатна трансформација на Хали Бери
Новиот Џејмс Бонд ќе биде црнец
Пронајдете не на следниве мрежи: