Најдобрите филмски трансформации

Loading...

Дали ви се случило некогаш да гледате филм со вашиот омилен глумец и да не го препознаете истиот? Погледнете неколку примери за најдобрите трансформации на глумците за одредени улоги.

 

Обрнете внимание, можеби ќе налетате токму на својот најомилен.

 

 

 

 

Nicole Kidman – “The Hours”

Во филмот “The Hours”од 2002, Nicole Kidmanја игра писателката Virginia Woolf која запаѓа во длабока депресија. Kidman ни приближно не личеше на заводната убавица која сме навикнале да ја гледаме. Сепак, оваа изведба и донесе Оскар за Најдобра Актерка.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Charlize Theron – “Monster”

 

Charlize Theronбеше непрепознатлива во “Monster” од 2003 година. Овде преубавата блондинка играше сериски убиец, поранешна проститутка која во 2002 година беше погубена за убиството на шест мажи. За оваа улога Theron собра вкупно 17 награди, меѓу кои најважна беше наградата Оскар за најдобра актерка.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Ralph Fiennes – “Harry Potter”

Ralph Fiennesсе откажа од својот нос и стана “Оној што не смее да се именува”во легендарната адаптација на книгите “Harry Potter” на филмското платно. Voldemort беше одглумен фантастично од страна на Fiennes. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Heath Ledger – “Batman: The Dark Knight”

Последната, и веројатно најдобрата изведба на Heath Ledger беше неговата улога на Joker во филмот “Batman: The Dark Knight”. Филмот на Christopher Nolan стана култен, а Ledger постхумно доби Оскар за најдобра споредна улога. Heath Ledgerсо својата глума овде го издигна филмот на сосема ново ниво.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Johnny Depp – “Edward Scissorhands”

Johnny Deppја изгради својата кариера врз вакви трансформации. Секако еден од најталентираните глумци на своето време, тешко е да се одлучи во која од неговите улоги тој покажал најмногу. Тешко се одлучивме, но веројатно може да се каже дека се работи за неговата улога во “Edward Scissorhands”на Tim Burton, каде Deppму обезбеди на својот лик посебно место во филмската историја. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Прочитајте ги и следниве статии:

Tом Круз наскоро во 'Невозможна мисија 5'

 

 

 

 

 

Филмови кои ќе ја оживеат оваа есен

 

 

 

Топ 5 филмови на Box office

 

 

loading...
Loading...