Железничка несреќа во Словенија, досега 18 повредени лица

Четири лица се потешко повредени, а 14 полесно во судар на патнички возови во понеделникот наутро на железничката станица Вижмарје, пет километри пред словенечката престолнина Љубљана.

Меѓународниот  патнички воз кој од Љубљана се движел кон Крањ се удрил во локален воз кој стоел на колосекот на станицата во Вижмарје.

Портпаролката на љубљанската полиција, Маја Циперле Адлешич изјави за словенечките медиуми дека полицијата уште е на местото на несреќата, потврдувајќи дека во несреќата се повредени вкупно 18 лица, но дека според првичните процени ниедно не е во животна опасност.

Железничката на неодредено време е затворена за сообраќај, а засега нема детални информации за несреќата.

Како што пренесува електронското издание на љубљанскиот дневен весник Delo, според податоците собрани досега, до несреќата дошло откако утринава се расипал утринскиот локален воз, па патниците биле замолени на перонот да го сочекаат следниот воз кој требало да дојде од Крањ. Според една жена очевидец, возот бил преполн  „што внатре не можеше да се дише“, па патниците биле замолени да го чекаат следниот воз на перонот. Потоа им било кажано дека може да се вратат во првичниот воз  во празните вагони и да почекаат локомотива којашто требала да ја преземе композицијата. „И тогаш тресна“, вели соговорничката на Delo.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

 Драган Паравиња осуден на 40 години затвор за убиство на Антонија Билиќ

 

 

 

 

 Еден починат и 16 повредени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

 

 

 

 

 

 

 

 Убиство во суд во Атина

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: