Австралијанецот Кејси Стонер на најдобар можен начин се прости од домашната стаза пред да се пензионира, тој славеше на „Филип Ајланд“, на трката на која Хорхе Лоренцо ја осигура втората титула во светското првенство.
„Цел викенд беше идеален, навивачите беа сјајни, никогаш не сум видел толку голема гужва овде, а знам дека добар дел од овие луѓе дојдоа да ме гледаат токму мене, тоа е прекрасно чувство, чест ми е што како Австралијанец го доживувам ова“ изјави Стонер.
Пронајдете не на следниве мрежи: