Околу 60 милиони Американци стравуваат од ударот на супербурата Сенди. Затворени се училиштата, продавниците, подземната железница, па дури и Њујоршката берза.
Заради бурата ќе бидат исклучени и два нуклеарни реактора во Њу Џерси, а останатите централи ќе ја намалуваат својата работа доколку бурата јакне, јавува Ројтерс.
Двајца членови на екипажот од бродот-реплика „Баунти“ се исчезнати. Вкупно на бродот имало 16 луѓе, а во моментот се наоѓа на 145 километри југоисточно од Северна Каролина. Останатите членови на екипажот се спасени.
Авионските линии кон источниот брег на САД се откажани, така што овој дел на земјата е отсечен од светот. Најавена е можноста во некои делови да биде исклучена и струјата, заради превенција. Од тие причини е препорачано луѓето што живеат во висококатниците да ги напуштат своите домови, бидејќи во случај на потреба од итна помош, ќе мораат да се симнуваат по степеници.
Експертите предвидуваат дека супербурата би можела да предизвика штети поголеми од три милијарди долари, иако некои сметаат дека оваа сума ќе биде далеку поголема.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Ураганот Сенди зеде 21 жртва на Бахамите
Три мртви лица од студ во Полска
Над Шведска доаѓа „крвав“ дожд
Пронајдете не на следниве мрежи: