Anonymous со закани до големите корпорации

 

Хакерите од групата Anonymous објавиле на форумот на една од своите службени страници Anon News дека дошле до тајни документи од компанијата Zynga која наводно во скоро време планира да отпушта уште луѓе и да го префрла производството во Индија, како и да користи тамошна работна сила.Zynga, најпозната по игрите од типот на FarmVille, минатата недела веќе најави дека ќе отпушти од работа околу 140 работници и дека ќе затвори дел од канцелариите во САД, Јапонија и Велика Британија поради големите загуби (повеќе од 50 милиони долари во третиот квартал).

 

Оваа компанија во моментов располага со околу 1.6 милијарди долари.

 

Сега, Anonymous тврдат дека  Zyngaпланира да отпушти вкупно 1000 луѓе, како и дека им се заканила со тужби на сите работници кои би го откриле овој план. “Со милијардите кои ги чуваат во банките, веруваме дека ваквите акции се навреда на населението и однесување што компаниите како Zynga мораат да го променат.”– се заканија Anonymous.

 

Хакерите ги предупредија сопствениците на Zynga дека ако не се откажат од најавените откази, ќе следи голема одмазда – бесплатно ќе ги објават сите нивни игри кои ги украле од нивниот сервер – иако не објавиле точно за кои игри се работи. Anonymous дале симболичен рок, 5ти декември (денот на Guy Fawkes)за Zynga да се откаже од своите намери.

 

Се разбира, тешко е да се заклучи колку овие информации се вистинити, до сега често се покажувало дека најавите на Anonymous(односно разни луѓе кои објавувале информации во нивно име, а не биле поврзани со нив) се лажни, односно не се оствариле. 

 

 

Погледнете ги и следниве статии:

Facebook со новости: Среден прст и Dislike на чет

 

 

Живее без срце 148 дена?

 

 

Неверојатно видео од НАСА

Пронајдете не на следниве мрежи: