Актерката Анџелина Џоли, која до пред некое време важеше за најубавата жена на светот, се припрема, заедно со нејзините деца, за Halloween.
Таа е забележана од страна на папараците како ги носи своите деца на шопинг за костуми по повод овој празник. Од самите фотографии се забележува дека зачудувачки, актеркта е уште послаба, а нејзините коски се познаваат и преку црниот фустан што го носеше. Таа не била во добро расположение за време на прошетката.
Можеби главна причина за тоа е големата расправија што таа ја имаше со својот свршеник, Бред Пит, пред неколку дена. Нивната расправија била кулминација на сите мали кавги и префрлувања на Анџелина за преголемата употреба на алкохол и дрога од страна на Бред Пит. По расправијата, како што ве информиравме минатата недела, Бред Пит се отселил од нивната семејна куќа.
На овој шопинг, Анџелина сама се грижеше за децата, а Бред Пит не беше никаде во околината.
Поврзани статии:
Анистон љубоморна на Џоли!
Анџелина Џоли и Бред Пит направија куќа за секс
Анџелина Џоли има хепатитис Ц?!
Пронајдете не на следниве мрежи: