Сенди почна да го поплавува источниот брег на САД

Ураганот Сенди ноќта кон вторникот по македонско време ја продолжи својата уништувачка патека во североисточна насока, поплавувајќи ги крајбрежните градови и уништувајќи ги песочните плажи, докови и шеталишта на источниот брег на САД.

Деструкциите на ураганот Сенди која се очекува да прерасне во незапаметена во историјата хибридна бура со елементи и на тропска и на зимска бура, започнаа неколку часа порано откако што се предвидуваше да стаса до брегот во областа на Њу Џерси, соопшти американската телевизиска мрежа MSNBC News.

Училиштата, канцелариите, патиштата и транспортните системи се затворени во областа каде што живее населени од околу 50 милиони луѓе, додека стотици илјади жители се засолниле на повисоките подрачја во исчекување да мине гигантската бура.
„Ќе биде систем кој бавно се движи, кој ќе мине низ широка област од државата и милиони луѓе ќе бидат погодени“, изјави американскиот претседател Барак Обама во понеделникот во неговото обраќање до јавноста во исчекувањето на големото невреме. Ги повика Американците да се придржуваат до сите упатства на локалните власти во врска со бурата.
Бурата ја следат ветрови коишто веќе развиваат брзини од 14 километри на час, а нејзиниот центар се наоѓаше 275 километри југоисточно од Њујорк, во 19 часот според средноевропско време според американскиот Национален центар за урагани.
Движењето на центарот на ураганот се забрзало од 29 на 45 километри на час, па доаѓањето ан ураганот над копното се предвидува во вечерните часови според локално време на јужниот брег од Њу Џерси.
Бурата предизвика поткревање на морското ниво веќе за 3,5 метра во крајбрежните градови од сојузната држава Делавер до Конектикат на север.
Со орканските ветрови коишто се протегаат и до 280 километри од нејзиното средиште а ветровите се шират на дури 1.125 километри од центарот, Сенди е најширокиот ураган во историјата кој им се заканувал на САД.
До раните попладневни часови во понеделникот по локално време, налетите на ветрот од повеќе од 115 километри на час се забележани во целата област. Во Њујорк дигалка на врвот од облакодер од 65 катови во изградба, се урна и виси преко работа на зградата, поради што се евакуирани околните згради и улици.

„Не сме дури на највисокото ниво на плимата а веќе загубивме околу 140 метри од плажите. Ќе биде уште полошо отколку за време на ураганот Ирене од минатата година, кога станува збор за плимниот бран покренат од бурата“, предвидува Рокер.
Во понеделникот навечер поплави се пријавени во многу крајбрежни области, како што е островот Фрипорт во Њујорк, евакуираниот Атлантик Сити, во Њу Џерси, а многу патни правци во Вирџинија и Северна КАролина се поплавени, известуваат локалните медиуми. Повеќе од 200 илјади домаќинства останале без електрична енергија, од што дури 115 илјади на Лонг Алјенд.
Засега само две лица се водат како исчезнати, оние што биле однесени од шестметарските бранови при обидот од легендарниот едреник „Баунти“ да се префрлат во чамецот за спасување, додека другите 14 членови на екипажот беа спасени од хеликоптер на американската крајбрежна стража.
Задолжителната евакуација е наредена за стотици илјади жители во низинските области. Вонредна состојба е прогласена во целиот регион пред надоаѓањето ан ураганот Сенди, кој ќе се судри со студениот арктички воздух и бурата од западен правец, формирајќи време со ветришта и дожд и далеку во внатрешноста на американскиот континент.
„Прво ќе има влијание врз крајбрежјето, а потоа ветровите ќе ослабат а силниот дожд може да предизвика порои и излевања на реките од коритата, во некои случаи можни се и поплави кои ќе траат неколку денови.

Не очекуваме дека ветровите во внатрешноста ќе предизвикаат оштетување на куќите, меѓутоа ќе се уриваат стебла и ќе се кршат гранки и, што ќе претставува најголемиот проблем, ќе ја урне електричната мрежа“, рече за NBC News, Кег Фагет, директор на Сојузната агенција за управување со кризни состoјби (FEMA).
Во понеделникот, и покрај најавите од неделата, не се тргуваше на американските берзи, а тие може да останат затворени и во вторник. Во Вашингтон сојузните канцеларии се затворени во понеделникот, а сојузните судови најавија затворање во погодените области.
Од неделата се затвораат подземните железници, автобуските линии и приградските железници во Њујорк, а во понеделникот од пладнето се затворени и тунелите Холанд и Бруклин Батери кои водат до Менхетен. Постапно затворање на автобуските и железничките линии имаше од неделата попладне и во Њу Џерси.
Сенди ги попречи патувањата во целиот регион. Според мрежната станица FlightAware.com во САД во неделата и понеделникот се откажани 7.400 домашни и меѓународни летови, главно во аеродромите во Њујорк, Вашингтон и Филаделфија, на источниот брег. Според информациите на Eurocontrol, агенцијата за безбедност на воздухопловниот сообраќај со седиште во Брисел, откажани се околу 300 трансатлантски летови од вкупно 500-ини колку што ги има дневно во редовни временски услови.

Исто така, поради бурата во одредени прекини е и меѓуградскиот железнички сообраќај, а компанијата „Amtrak“ ги откажа сите свои услуги на североисточниот коридор, како и не кои други линии.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: