Селекторот на ватерполо репрезентацијата на Србија, Дејан Удовичиќ, во понеделникот поднел оставка на функцијата, пренесува телевизијата Б92, повикувајќи се на свои извори.
Ватерполистите на Србија се собраа во понеделникот на подготвки за настап во Светската лига, но не тренирале, откако селекторот Удовичиќ решил да се соочи со ватерполистите кои изминатите денови искажале јавно незадоволство од неговата работа.
Според Б92, од Ватерполо сојузот на Србија се обиделе да го смират селекторот со незадовлните ватерполисти, но не успеале во таа своја намера, по што Удовичиќ го известил претседателот дека се откажува од функцијата.
Инаку, осуммина ватерполисти со отворено писмо до јавноста искажале незадоволство од неговата работа.
Сеуште не е познато кој ќе биде новиот селектор на Србија, единствено се знае дека во натпреварите од Светската лига против Германија и Шпанија националниот тим ќе го предводи помошникот на Удовичиќ, Дејан Савиќ.
Удовичиќ селектор на Србија стана во 2006 година, по распаѓањето на државната заедница помеѓу Србија и Црна Гора, во својот мандат освоил два Светски купа, пет Светски лиги, две Европски и едно Светско првенство, како и две бронзи на Олимписките игри и по еден сребрен медал од европските и светските првенства.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: