Ќерката на Мадона, Лоурдес, неодамна го прослави својот 16 роденден. На забавата на нејзиниот sweet sixteen, мајка и, поп иконата Мадона и поклони клучеви од стан.
Луксузниот стан се наоѓа на Менхетен и во непосредна близина на куќата на Мадона и кабала центарот кој двете редовно го посетуваат. Станот е со базен и теретана и чини околи 8 милиони евра.
“Лоурдес беше воодушевена. Реши да го уреди станот по сопствен вкус а потоа ќе одлучи со кого ќе го дели и кога ќе се всели.” – изјави близок пријател на семејството.
Ќерката на Мадона се уште не е полнолетна, но нејзината мајка смета дека овој поклон е совршен начин да и покаже колку и верува.
Поврзани статии:
Мадона на суд!
Мадона со недоличен настап и откажан концерт
Adele стана мајка!
Пронајдете не на следниве мрежи: